Changes
Key: Additions Deletions
Фурка е село во југо-источниот дел на Македонија. На запад од реката Вардар, преку Пугана и Габрошка Река, а на исток од Дојранската Котлина, селото лежи на висорамнина од 21 км2. Се наоѓа некаде во средината на замислениот триаголник помеѓу Дојран, Богданци и Валандово. Се наоѓа на надморска височина од 350м, а највисокиот врв е на 456м. Околу селото има повеќе ритчиња, составени главно од песоклива почва и гранитни карпи. Каде што е тоа можно, луѓето го користат земјиштето за лозарство и овоштарство, а помалку и за други гранки. Во Фурка живеат околу 1000 жители, сите со македонско потекло и православна христијанска вероисповест. Ова село е дел од општината Дојран, едно од најпопуларните туристички места во државата.
Постојат повеќе тврдења за тоа како селото го добило името. Според народните преданија старото Фурка (кое се наоѓало 2,5 км од новото, денешно Фурка) имало форма на кириличната буква Ф и на фурка за предење.предење. Во некои дела на познати историчари, пак, се тврди дека името потекнува од некои странски зборови. Според едни, „фурка“ на грчки значи губилиште (според наводното ослепување на Самуиловите војници на ова место). Според други името води потекло од турскиот „фурсат“ - што значи лоши луѓе. Имено, познато е дека селаните не дозволиле да се населат Турци во селото. понатаму, се знае дека во определен период му бил придодаден и називот Дервен, поради функцијата што ја имало. Денес, се уште не е сосема јасно од каде потекнува името.
*извор: Печат на едно време - Никола Стојанов